Правниот систем понекогаш може да биде премногу комплициран. Неспособноста на живите може да биде доволна за да направи мртвите да се превртуваат во гроб. Или доколку премногу се „изнервираат“ да станат и самите да си ги решат убиствата. Ова се неколку мистериозни случаи во кои духовите на починатите наводно си ги решиле убиствата.

10. Духот на Фред Фишер морал да посочи каде е неговото тело

Во 1826 година, австралискиот земјоделец Фредерик Фишер исчезнал. Неговиот сосед Џорџ Воралд велел дека Фед му го препишал целиот имот пред да замине. Неколку месеци подоцна духот на Фред се појавил пред човек по име Џон Фарли и со прст покажал кон еден рид пред да исчезне. Џон бил исплашен но викнал луѓе да го пребараат местото. Телото на Фред било пронајдено закопано токму во правецот во кој покажал, а подоцна соседот Џорџ го признал убиството и бил обесен.

9. Зона Хестер се појавила на нејзината мајка во визија

Откако Зона ненадајно починала во 1997 година вештакот напишал дека починала од „вечна несвестица“. Нејзината мајка не верувала во извештајот затоа што неколку дена по ред имала визии од Зона во кои и кажувала дека е убиена. Зона и кажала дека вратот и бил скршен, а мајката веднаш се посомневала во сопругот на Зона. Таа побарала повторно аутопсија од нови специјалисти кои утврдиле дека навистина вратот на Зона бил скршен, а нејзиниот сопруг завршил во затвор.

8. Духот на Терезита Баса ја посетил Реми Чуа за да го именува својот убиец

Во 1977 година било пронајдено телото на Терезита, во подметнат пожар со намера да се прикрие убиството. Полицијата открила дека таа била убиена со касапски нож, но не можеле да го пронајдат убиецот. Духот на Терезита се прикажал на сопругата на нејзиниот колега, Реми Чуа. Терезита кажала дека нејзиниот убиец е Ален Шовери и дека тој го украл и нејзиниот накит. Полицијата го пронашла Ален, а накитот на Терезита бил кај девојката на Ален.

7. Момче од Голанската Висорамнина се соочило со убиецот од минатиот живот

Наводно 3-годишно момче тврдело дека во минатиот живот било убиено со секира. Тоа ги одвело возрасните до неговите коски, оружјето и неговиот убиец. Тогаш момчето сакало да се соочи со локалниот човек за кој сметал дека е неговиот убиец. Човекот останал запрепастен и не го признал убиството се додека не му ги покажале коските и оружјето.

6. Ешли Холи контактирала медиум за да и каже каде се наоѓа нејзиното тело

Еѓли имала само 20 години кога нејзиното поранешно момче ја убило и ја закопало во дупла полна со цемент и ја закопал во близината на куќата на неговиот татко. Полицијата се сомневала во момчето но не можела да докаже ништо без телото. Тогаш духот на Ешли контактирал медиум на кој му објаснила каде точно се наоѓа нејзиното тело. Кога полицијата го открила поранешното момче Роберт бил прогласен за виновен.

5. Кетрин Балестерос го шепнала името на нејзиниот убиец на увото на нејзината мајка во мртовечница

Кетрин била прободена со нож 33 пати. Додека нејзиното семејство било во мртовечницата Кетрин и шепнала на нејзината мајка „Баба“. Првин не знаеле за што се работи но потоа откриле дека во нивното соседство има човек со прекар Баба. Отпечатоците пронајдени на местото на злосторството биле споредени со оние на Рајан „Баба“ и тој бил прогласен за виновен.

4. Марија Мартен испратила визии за „Убиство во црвена штала“

Во 1828 година Вилијам Колдер ја убил неговата девојка Марија и напишал писмо дека таа избегала заедно со него и дека сега е добро. Сите поверувале во писмото, но тогаш маќеата на Марија, по име Ен, почнала да има визии дека Марија била убиена во црвена штала. Откако успеала да го убеди нејзиниот сопруг да ја истражи шталата, телото на марија било пронајдено замотано во вреќа, а шалот на Вилијам со неговите иницијали и со кој била задавена девојката уште стоел на нејзиниот врат. Вилијам бил јавно погубен.

3. Надин Хаг

На прв поглед во 2009 година во Австралија изгледало дека Надин Хаг извршила самоубиство. Наводно таа си ги пресекла вените во кадата, но вештакот сметал дека раната е премногу длабока. Исто така недостасувале лекови за да изгледа дека се предозирала, но во нејзиниот систем не било пронајдено ништо. Сите се сомневале во насилното поранешно момче. Она што полицијата првично не го забележала било мало ливче хартија зад нејзиното самоубиствено писмо на кое пишувало „Тој го стори тоа.“ Истите зборови биле пронајдени во 2013 година на плочките во купатилото кога во станот се вселиле нови станари. За жал полицијата немала физички докази со кои можела да докаже дека нејзиното поранешно момче било во станот таа ноќ.

2. Амарјит Чохан го ставил клучот за решавање на убиството на неговото семејство во неговиот чорап

Амарјит Чохан, неговата сопруга и децата биле убиени во 2003 година. Телото на Чохан било фрлено во океанот. Но претходно додека Чохан бил заробен во домот на убиецот Реган, пронашол писмо пратено по пошта на кое ја имало адресата на Реган. тој го ставил писмото во неговата чорапа и кога било пронајдено неговото тело полицијата веднаш се упатила на адресата на Реган.

1. Последниот пост на блогерот и помогнал на полицијата да го реши неговото убиство

Симон Нг помогнал да се реши неговото и убиството на неговата сестра Шерон. Поранешното момче на Шерон дошло во станот на Симон наводно за да си ја земе јадицата за риболов. Токму во тој момент Симон пишувал блог за неговиот чуден ден, во кој опишал се во детали, кога пристигнало момчето, што барало и како се однесувало. Неколку минути подоцна поранешното момче Лин го прободел Симон неколку пати во градите. Потоа чекал да се варти Шерон и ја убил и неа. Со помош на блогот на Симон полицијата го уапсила Лин и во 2008 година тој бил обвинет за двојно убиство и бил осуден на доживотен затвор.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено