Емпатијата, разумот и способноста да помогнеме се само некои од работите кои нè прават луѓе. Исто како луѓето и животните завршуваат во опасни ситуации, во кои што им се загрозен животот. Луѓето скоро секогаш можат да им помогнат, а вистинскиот човек ќе го стори тоа без размислување. Не е важно дали станува збор за птица, куче или крокодил. Сите тие се чувствуваат болка, глад и страв и сите сакаат да живеат.

1. Патка спасена од под мразот

Најверојатно патката останала заробена под мразот кога се обидувала да најде храна. Патките можат да го задржат здивот многу долго, но сѐ има ограничување. Овој маж од Норвешка влегол во водата, го скршил мразот и ја спасил патката. Патката наскоро се опоравила.

2. Пеликан спасен од рибарска жица

Двајца мажи виделе пеликан со рибарска жица околу неговиот клун и еден од нив скокнал да ја фати птицата. го фатиле за нозете и му го ослободиле клунот.

3. Мечето Блу

Кога спасувачите од непрофитната организација Free The Bears го пронашле, не можело да оди поради тешка повреда на ‘рбетот. Потребно било многу време и трпение пред да може Блу повторно да прооди.

4. Роџер, црвениот кенгур

Рожер бил пронајден во торбичката на неговата мајка, која ја удрил камион. За жал, многу кенгури умираат на патишта, а вработените задолжени за грижа на дивите животни многу често се грижат за младите. Роџер сега е голем и возрасен кенгур.

5. Последните 3 северни бели носорози

Можете ли да поверувате дека останале само 3 северни бели носорози? 3! На целата планета. Властите на Кенија вложиле многу напори за заштита на овие прекрасни животни, а вооружена стража се грижи за нив 24/7. За жал, нема надеж дека едно од овие 3 ќе се репродуцира, па затоа сме сведоци на целосно исчезнување на овие животни.

6. Кенгурот Куејо

6-месечниот кенгур Куејо бил спасен од полицаец кој решил да му помогне откако видел дека два орли го напаѓаат малиот кенгур. Куејо бил повреден, но успеал да закрепне и сега често ги придружува полицајците на должност, па дури има и своја полициска јакна.

7. Коалата Сем

Пожарите во Австралија се годишен настан. Еден пожарникар видел на дрвото мала коала и потоа ја однел во болница за животни каде што таа закрепнала.

8. Кучето Диабло

Доберманите се познати по својата разиграна и енергична природа, Диабло додека се шетал со својот сопственик потрчал по една гуска и завршил под мразот на езерото. Мразот бил премногу тенок за да може сопственикот да го спаси кучето и затоа повикал пожарникари. По 25 минути Диабло бил спасен и нема сериозни повреди.

9. Орангутанот Бади

Кога Бади бил спасен од неговиот сопственик скоро и да немало живот во него. Сопственикот мислел дека малите орангутани немаат потреба од овошје и зеленчук и го хранел само со млеко. Иако шансите за преживување биле мали. Бади успеал да закрепне.

10. Коњ спасен од клисура

Коњот заедно со јавачот паднал во една клисура. Човекот успеал да се извлече, но коњот не можел да излезе од клисурата. Затоа човекот повикал пожарникари кои со хеликоптер го излекле животното.

Сподели на Facebook
пати видено