Библијата ни вели дека Бог ги создал Адам и Ева пред само неколку илјади години, како што нѐ уверуваат некои толкувачи фундаменталисти. Науката нѐ учи дека ова е обична измислица и дека човекот е стар неколку милиони години, а цивилизацијата само неколку десетици илјади години. Но, дали е возможно науката да греши, исто како и библиските приказни? Постои значително археолошко сведоштво дека историјата на Земјата би можела да биде доста поразлична од тоа што ни го раскажуваат геолошките и антрополошките текстови. Земете ги предвид следниве восхитувачки наоди;

Издлабените сфери

pr01

Во текот на последните неколку децении, рударите во Јужна Африка во неколку наврати откопале мистериозни метални сфери со непознато потекло. Дијаметарот на овие сфери изнесува неколку сантиметри и некои се издлабени со паралелни бразди кои минуваат по нивниот екватор. Има два вида на вакви сфери: едните се од полн синкав метал со бели дамки; другите се шупливи и исполнети со сунѓереста бела материја. Изненадувањето во врска со ова откритие се состои во тоа што каменот во кој се најдени е предкамбриски, што значи дека овие предмети се стари 2.8 милијарди години! Кој ги направил, и со каква цел, останува сѐ уште непознато.

Камењата Дропа

pr02

Во 1938 година, археолошка експедиција предводена од д-р Чи Пу Теи во планините Бајан Кара Ула во Кина откри неверојатни нешта во некои пештери кои очигледно биле населувани од некоја древна култура. Закопани во вековниот прав на пештерскиот под лежеле стотици камени дискови. Нивниот дијаметар изнесува околу дваесеттина сантиметри и секој од нив има кружна дупка во средината и е издлабен со спирална бразда, изгледајќи како некаква древна грамофонска плоча стара 10 000-12 000 години. Се испоставило дека спиралните бразди содржат минијатурни хиероглифи кои раскажуваат неверојатна приказна за вселенски летала од некој далечен свет кои слетале на планината. Леталата биле управувани од луѓе кои се нрекувале Дропа, и во пештерата имало останки од нивните потомци.

Камењата од Ика

pr03

Почнувајќи од триесеттите на минатиот век таткото на д-р Хавиер Кабрера, антрополог-културолог од Перу, открил стотици обредни погребни камења во гробниците на древните Инки. Д-р Кабрера, продолжувајќи го делото на својот татко собрал над 1100 вакви андезитски камења, за кои се проценува дека се стари помеѓу 500 и 1500 години и станале познати како Камењата од Ика. Камењата се изрезбани, при што многу од нив содржат еротски прикази, некои прикажуваат идоли а други дејства како операција на срце и пресадување на мозок. Но најзапрепастувачки е што на некои од нив јасно се гледаат диносаури – бронтосаурус, трицератропс, стегосаурус и птеросаурус. Скептиците сметаат дека камењата од Ика се лажни, нивната автентичност до сега ниту е оспорена ниту потврдена.

Механизмото од Антикитера

pr04

Во 1900 година од морските води во близината на брегот на малиот остров Антикитера кој се наоѓа во близина на Крит нуркачите ловци на морски сунѓери извадиле збунувачки артефакт. Од урнатините на трговски брод извадиле многу мермерни и бронзени статуи. Помеѓу пронајдоците се наоѓало и парче кородирана бронза кое содржело некаков механизам со многу запчаници и тркалца. Предметот бил датиран во 80 г. пр.н.е. и многу експерти првин мислеле дека се работи за некаков астрономски апарат. Но рентгенските снимки покажале дека всушност тоа е многу пософистициран систем со диференцијални запчаници. Механизми со ваква сложеност не постоеле пред 1575 година! Сѐ уште не се знае кој го конструирал овој неверојатен интрумент пред 2000 години, ниту како била загубена оваа технологија.

Багдадската батерија

pr05

Денес можете да си купите батерии од најразличен вид било каде. Но постои и батерија која е стара 2000 години! Познат под името Багдадска батерија, овој интересен артефакт бил најден во рушевините на едно партско село и се датира некаде помеѓу 248 пр.н.е. и 226 н.е. Уредот се состои од глинен сад висок 14 сантиметри во кој имало бакарен цилиндар прицврстен со асфалтна смеса, а во него се наоѓача `рѓосана железна прачка. Експерите кои го проучувале овој уред велат дека сѐ што требало да се направи е да се наполни садот со киселина или алкална течност за да се произведе електрично полнење. Се верува дека древната батерија можеби се употребувала за позлатување по електричен пат. Ако е така, како се случило оваа технологија да биде изгубена и батериите да се измислат дури по 1800 години?

Артефактот Косо

pr06

Додека ископувале минерали во калифорниските планини во близина на Оланча зимата 1961 година, Волас Лејн, Вирџинија Макси и Мајк Мајксел нашле интересен камен. Кога го пресекле во внатрешноста нашле предмет кој изгледал како да е направен од бел порцелан. Во средината имало прачка од сјаен метал. Експертите проценуваат дека за да се формира овој фосил биле потребни 500.000 години, а сепак предметот во внатрешноста на каменот очигледно бил софистицирана изработка изработена од човечка рака. Понатамошните истражувања покажале дека порцеланот се наоѓал во шестоаголна кутија, а рентгенските снимки откриле дека на едниот крај имало мала пружина. Некои велат дека пружината многу потсетувала на пружинките кои можат да се видат во современите запалки. Како ова се нашло во камен стар 500.000 години?

Древна макета на летало

pr07

Постојат артефакти кои им припаѓаат на древните египетски и централноамерикански култури кои неверојатно личат на современите летала. Египетскиот артефакт најден во гробница во Сакара во 1898 година претставува дрвен предмет со големина од 15 сантиметри кој многу наликува на макета на авион. Експертите веруваат дека предметот е аеродинамичен и можел да лета. Малиот предмет најден во Централна Америка (прикажан погоре) се проценува дека е со старост од 1000 години, направен е од злато и лесно би можеле да си помислите дека е макета на авион или на вселенско летало. Дури има нешто што наликува на пилотско седиште.

Џиновските камени топки од Костарика

pr08

Работниците кои си го пробивале патот сечејќи ги и горејќи ги дрвјата во џунгла во Костарика за да ја расчистат областа за плантажи за банани, во 1930 година налетале на неверојатни предмети: дузина камени топки, од коишто повеќето биле со совршена форма. Камењата биле со најразлична големина, со такви големи колку тениско топче до огромни топки со дијаметар од 2.4 метри и тежина од 16 тони! Иако огромните камени топки се очигледно направени од човечка рака, не се знае кој ги направил, за каква цел, и најзагадочно од сѐ, како толку прецизно ја постигнале таа совршена сферичност.

Невозможни фосили

pr09

Фосилите, како што сме учеле на училиште, се наоѓаат во камења кои се формирале пред илјадници години. А сепак постојат извесен број фосили кои едноставно немаат никаков смисол од геолошка и историска гледна точка. На пример, бил најден отпечаток на рака врз варовник кој се проценува дека е стар 110 милиони години. Нешто што личи на фосилизиран човечки прст било најдено на канадскиот Арктик исто така се датира пред 100 до 110 милиони години. А нешто што личи на фосил од човечка стапка, веројатно носејќи сандала, било најдено во Делта, Јута, САД се проценува дека е старо до 600 милиони години.

Метални предмети на нелогични места

pr10

Пред 65 милиони години, луѓето не биле ни појавени на историската сцена, а не пак да обработуваат метал. Тогаш како науката ги објаснува полуовалните метални цевки ископани во варовник стар 65 милиони години, најден во Франција? Во 1885 година бил отворен јагленски блок и во него била најдена метална коцка, очигледно изработена од интелегентни раце. Во 1912 година вработените на една електроцентрала разбиле поголемо парче јаглен во кој нашле железен сад! Во песочник од мезозоикот била најдена шајка итн. Има бројни примери за вакви аномалии.

Што можеме да заклучиме од овие пронајдоци? Има повеќе можности:

– Хомо сапиенсот е многу постар отколку што си мислиме.
– На Земјата постоеле суштества и цивилизации многу пред нашата пишана историја.
– Нашите методи на датирање се сосема неточни, и каменот, јагленот и фосилите се формираат многу побрзо отколку што се проценува.

За што и да се работи, овие примери, како и многу други, би требало да го поттикне секој научник со отворен ум да ја преиспита и преобмисли вистинската историја на животот на Земјата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено