Со развојот на технологиите и новите методи на истражување, можеме да тврдиме дека знаеме сè за древните народи. Сепак, колку повеќе учиме за нивниот секојдневен живот, толку повеќе ова знаење не фасцинира, бидејќи некои практики на древните луѓе биле премногу бизарни дури и за нашите современи стандарди.

1. Жените користеле олово и сулфур за да ја бојадисаат косата.

Жените ја менувале бојата на косата уште од древните времиња, но на многу штетен начин. Грците и Римјаните користеле трајна боја за коса која се состоела од различни хемикалии, вклучувајќи сулфур. Во 1700-те, Италијанците ја ставале косата во корозивни раствори за да добијат златна боја на косата. Многу европски дами користеле шафран и сулфур во прав за да постигнат одличен изглед.

2. Стаклени топки и гума биле користени како импланти на градите.

Жените секогаш сакале да имаат поголеми гради и тие мачкале креми „за раст на градите“ и кокосово масло, со надеж дека ќе им станат поголеми. Сепак, првата операција на градите била изведена во 1895 година од Винченц Церни. Потоа, лекарите користеле различни материјали за зголемување на женските гради: слонова коска, стаклени топки, мека гума и други полнила.

3. Измет од животинско потекло се користел во медицински третмани.

Жените во античка Грција верувале дека крокодилскиот измет може да се користи како моќна контрацепција и го вметнувале во нивната вагина. Во древниот Египет, воините применувале животински измет за своите рани. Измет од овци се користел во Шкотска како лек за лекување на големи сипаници и свеж свински измет служел за да се спречи крварење на носот.

4. Лекарите правеле дупки во главите на луѓето за ослободување на злите духови.

Лекарите верувале дека можат да излечат болести како што се грчеви, главоболки, како и инфекции. Мислеле дека различните болести биле предизвикани од злобниот дух заробен во главата на човекот и така тие правеле дупки за да го ослободат духот.

5. На жените не им било дозволено да плачат на погреби.

Класичен погреб во Рим се одвивал така што поворка одела по улиците, носејќи го починатиот. Понекогаш семејството најмувало специјални жени кои ќе плачат за да ја импресионираат толпата. За да ја претстават својата тага ккао вистинска жените ги гребеле образите додека не им потече крв и ги кубеле косите. Подоцна, оваа традиција се сметала за премногу екстремна и негативна. На луѓето не им било дозволено да ангажираат професионалци за плачење, бидејќи „овие дела повикуваат на силни емоции и биле некомпатибилни со идејата за тивок живот на граѓанинот“.

6. Татковците законски можеле да ги убијат љубовниците на нивните ќерки.

Таткото имал законско право да ги убие љубовниците на својата ќерка (па дури и неа) ако ги фатил да како извршуваат прељуба. Необичен факт: една Римјанка секогаш припаѓала на семејството на нејзиниот татко, дури и по бракот.

7. Во античкиот Рим, татковците можеле да ги продадат своите синови во ропство. Но, само 3 пати.

Татковците имале право да ги продаваат своите синови во ропство. Ако лицето кое го купило „робот“ веќе немал потреба од него, тој се враќал во домот на неговиот татко. Сепак, тој можел да го стори тоа само 3 пати, инаку, ќе се сметал за лош родител. Таткото дури можел и да го убие некој член на семејството. За среќа, малку татковци биле толку сурови.

8. Лекарите користеле лук како тест за бременост.

Во 1350 п.н.е., жените го натопувале семето на пченица со урина. Ако семето никнува, тогаш таа е бремена. Друг начин да се спроведе тест за бременост било да се стави чешне лук или кромид во вагината. Следното утро, докторот го мирисал здивот на жената и ако може да почувствува арома на лук на нејзиниот здив значело дека е бремена.

9. Во древниот Египет, луѓето ги бричеле веѓите за да ги оплакуваат своите мачки.

Старите египетски семејства ја оплакувале смртта на семејната мачка со бричење на веѓите. Телото на мачката било балсамирано, а малата мумија била ставана во семејна гробница или на гробиштата за мачки.

Интересен факт: Александар Македонски, Јулиј Цезар, Џингис Кан, Наполеон и Хитлер страдале од алиурофобија, страв од мачки.

10. Во стариот Рим имало јавни тоалети.

95% од населението користело јавни тоалети кои биле направени од долги редови од масивен камен или дрво со дупка. Постојаната проточна вода од бањите го испуштала отпадот во канализациониот систем.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено