Луѓето мислат дека не сте доволно социјализирани? Можеби едноставно сте поинтелигентни од нив?

Иако делува фрустрирачки кога луѓето сметаат дека нешто не е во ред со вас, дека не сте доволно отворени и пријателски настроени кон другите луѓе, а и немате многу пријатели, сепак, постојат добри причини за тоа. Со оглед дека високо интелигентните личности се и помалку социјализирани луѓе, ова се 10 причини зошто е тоа така:

1) Тие премногу размислуваат пред да дадат одговор

Високо интелигентните луѓе добро размислуваат пред ка кажат нешто. Тоа е така, бидејќи внимаваат на искреноста и на зборовите кои треба да бидат доследни во разговор со соговорникот. Иако оваа ситуација навидум изгледа непријатна во спонтан разговор.

2) Секојдневните теми им се досадни

Една од главните причини зошто интелигентните луѓе не можат да се вклопат во секојдневни обични разговори е тоа што не ги засегаат тие теми. Едноставни примери за тоа се машките и женските разговори, мажите не се интересираат за козметика, како што жените не ги интересираат фудбалски натпревари.

3) Имаат поешкотии да најдат заеднички јазик со различни луѓе

Нивните интереси се разликуваат од ограничените интереси на луѓето со просечна интелигенција. За одредени теми тие најчесто имаат сосема различни сфаќања од останатите. Како во случај со озборување на трети лица.

4) Тие имаат силна самосвест

Имаат далеку повисок степен за самосвест и тоа влијае на нивните социјални интеракции. Тие можат да бидат добри пријатели за себе, но не и за другите, бидејќи се големи критичари. Во разговорот тие се критизираат себе си, но и однесувањата на другите.

5) Свесни се и за луѓето во нивната околина

Покрај самосвеста, тие се свесни и за одговорите кои ги добиваат од околината. Внимателно го следат  говорот на телото на соговорникот и неговиот израз на лицето. Ова е тесно поврзано и со интересот за разговор со соговорникот, со оглед дека многупати среќаваме луѓе кои можеби не слушаат, но очигледно е дека не ги интересира она што го зборуваме.

6) Природно, тие се понервозни

Постои една генерализација и тесна поврзаност на високата интелигенција со социјалната анксиозност.  Пример за тоа е нетрпеливото однесување кај ученик кој добро го совладал материјалот и сака што поскоро да заврши испитувањето со цел што поскоро да се искаже и да ја реши задачата.

7) Тие се чувствуваат непријатно со давање на лични информации

Природно за луѓето со повисок коефициент на интелигенција е да не зборуваат многу за себе и за своите лични информации,  со помисла дека останатите не би биле заинтересирани да слушаат некој кој постојано зборува за себе.

8) Тие ги кријат своите слабости

Ова е еден вид на одбранбен систем кој тие го користат како би научиле од своите грешки и би се подобриле во своето однесување.

9) Даваат суптилни одговори на интелектуални прашања, кои можат да ги оттуѓат од темата на разговор

Кога станува збор за интелектуални теми и прашања, тие го разврзуваат разговорот дотаму што некој би помислил дека се граничи со лутина и агресија.

10) Често нивните разговори, завршуваат со конфликт

Со оглед дека премногу опширно ги појаснуваат своите идеи и замисли, неретко се случува луѓето во околината да дадат забелешки на нивните зборови. Оттаму тие продолжуваат со дискусијата, иако можеби не се во право.

Сподели на Facebook
пати видено