Секојдневно сме опкружени со многу предмети кои ни изгледаат толку обични што никогаш не застануваме да размислиме зошто всушност ни се потребни и да ги забележиме ситните детали. Еве кои се „необичните“ намени на „обичните“ предмети.

10. Налепници на овошје

На налепниците го пишува името на земјата на производство, но малкумина знаат што значат броевите на налепниците. Ако има 4 цифри и првата е 4, тоа значи дека плодот е испрскан со пестициди. Ако има 5 цифри и првата е 9, плодот се одгледува органски. Ако има 5 цифри и првата е 8, плодот е генетски модифициран.

9. Дупка во крофните

Овој десерт се јаде насекаде низ светот стотици години наназад. Крофните се карактеристични по дупката која ја имаат во средината. Таа настанала затоа што во минатото било тешко да краевите и средината да бидат еднакво испечени и поради тоа дошле до ова едноставно решение. Денес тоа не е проблем, но останала традицијата за дупка во крофните.

8. Точки на шофершајбната

Сите сме ја забележале црната лента која се протега по должината на рабовите на шофершајбната. Тоа е во основа печена керамичка боја и има неколку функции. Првин штити од ултравиолетовите зраци. Второ, ја крие нечистотијата што се собира по должината на рабовите на стаклото. Што се однесува до точките, тие обезбедуваат визуелно префинета транзиција од црната лента до проѕирното стакло. Тие, исто така, создаваат подеднаква распределба на температурата за време на производство на шофершајбната.

7. Маргините во тетратките

На почетокот маргините не биле создадени како простор каде професорите ќе ги оставаат своите забелешки. Вистината е дека во минатото книгите и тетратките биле „жртви“ на стаорци кои ги гризеле и уништувале краевите на тетратките. Поради тоа луѓето почнале да оставаат празни места на краевите за да не бидат оштетени текстовите.

6. Дупки на топчињата за голф

На почетокот топлињата за голф биле целосно мазни. Но, со текот на времето голферите сфатиле дека постигнуваат најдобри перформанси со топчињата кои се истрошени стари и со дупки, па затоа ги користиле истите топчиња со години. Производителите на топчиња го забележале тоа и затоа и тие почнале да ставаат ситни вдлабнатини на топчињата.

5. Половични ремени

Оваа мало парче платно или кожа може да се види на многу јакни и капути. Тие првин се појавиле пред неколку века на воените униформи. Тогаш палтата биле многу широки и се стеснувале со ваков ремен на половината, за да навечер војниците можат да го откопчаат ременот и да го користат палтото како прекривка. Денес овие ремени имаат само украсна улога.

4. Дупки во катанци

Катанците често стојат надвор на вратите така што тие брзо се уништуваат поради дождот. Кога тоа ќе се случи, некои едноставно купуваат нов катанец. Малку луѓе се запознаени дека малите дупчиња на катанецот служат за да се стави моторно масло. По оваа едноставна процедура, клучот повторно ќе може да се сврти во бравата без никакви потешкотии.

3. Ленти на приклучоците за слушалки

Сигурно сте забележале дека сите приклучоци за слушалки имаат 2 или 3 ленти на нив. Тие не се направени само за декорација: има жици кои одат на двете слушалки од секоја лента и ако тие не се таму, ќе слушнете звук што доаѓа само од една од слушалките.

2. R- симбол

Ако се прашувате зошто постои R со круг на некои трговски марки, одговорот е многу едноставен. Тоа само значи дека трговската марка е официјално регистрирана. Во суштина, оваа регистрација му дава на сопственикот на трговската марка не само право на користење, туку и да го тужи секој кој се обидува да ја прекрши трговската марка.

1. Бразди по рабови на монети

Браздите по рабовите на парите се појавиле во почетокот на 16 век. Во тоа време луѓето делкале мали количини на благородни метали од монетите за да ги продадат, а потоа ги користеле оштетените монети со целосна вредност. За да се спротивстават на оваа практика, бил воведен посебен процес познат како reaning. Тој се состоел од резбање на серија жлебови на работ на монетите, така што би било лесно да се види дали е модифицирана монетата, а традицијата постои и денес.

Сподели на Facebook
пати видено