Алкохолните пијалоци се толку популарни во светот што Патрик Мекговерн, археолошки хемичар на Универзитетот во Пенсилванија ги нарече „универзален јазик“. Овие пијалоци биле создадени со почетокот на цивилизацијата и денес остануваат како еден од најкористените производи. Овој коктел од 10 факти ќе Ви докаже колку всушност е бурна историјата на алкохолот.

Виното било измислено пред тркалото

Не се знае кога точно нашите предци почнале со пијанчење но најверојатно древните ловци го откриле дејството кога јаделе овошје од земјата кое што ферментирало. Археолошкиот хемичар Патрик Мекговерн ги анализирал парчињата од глина од кинеското село од пред 9.000 години и открил дека содржат хемиски траги од медовина, вино направено од мед. Античкиот пијалак имал 10% алкохол во него. Додека грнчарското тркало било измислено 3.500 години подоцна во Месопотамија.

Пивото направено од Антарктичкиот мраз

Во 2010 година австралиската компанија „Nail Brewing“ направила ограничено издание на пиво користејќи вода од стопен Антарктички мраз. Второто издание било вратено од страна на друштвото за заштита на водени површини Шепард. Едно шише од оваа пиво чинело над 1.600 долари.

Текилата може да дојде само од Мексико

Според мексиканското законодавство славниот огнен пијалок мора да содржи 51% алкохол дестилиран од слаткиот нектар на сина агава. Агавата најмногу се одгледува во Халиско и на четири други држави во Мексико им е дозволено да проиведуваат текила. Името доаѓа од индијанците, Тикула од Халиско.

Виното не станува подобро со годините

Не мора да значи дека доколку е постаро виното ќе има подобар вкус, тоа зависи од многу други фактори, какви биле временските услови во годината кога е правено виното, каква била бербата на грозјето и каков бил квалитетот на виното тогаш.

Владата на САД ставала отров во алкохолот

За време на забраната во 1920-тите, федералната влада на САД се обиде да ја забрани продажбата на алкохол, вино и пиво, но не им успеало. Тие се одлучиле за убиствена тактика. Знаејќи дека огромна количина на индустриски алкохол се краде за да се прават пијалоци им наложиле на производителите во 1926 година да додадат отрови како формалдехид, хлороформ и метил алкохол во нивните производи. Набргу починале 700 луѓе од труење.

Апстиненција од алкохол е поопасна од консумирањето

Научна студија објавена во 2010 година „Алкохолизам: клинички и експериментални истражувања“, од Универзитет во Тексас од страна на психологот од Остин, Чарлс Холахан, откри дека во текот на 20-годишен период, 69% од апстинентите починале. Тоа, всушност, било повисоко од стапката на смртност од 60% за тешките алкохоличари. Но, најдолготрајната група кај 1.824 учесници во студијата била составена од умерени алкохоличари, од кои само 41% починале во тој период.

Диеталните пијалоци во коктелите ќе Ве опијанат побргу

Во едно истражување во 2013 година алкохоличари кои консумирале вештачки засладени коктели покажувале поголемо ниво на алкохол за разлика од оние кои имале пијалоци со шеќер во коктелите. Очигледно шеќерот ја забавува апсорпцијата на алкохол во крвотокот.

Виски нема боја

Етил алкохол е безбоен како и повеќето видови на виски на почетокот. Но, по дестилирањето, алкохолот старее во дабови буриња, кои се сушат на воздух девет месеци, а потоа се загреваат во внатрешноста за да дрвото добие „црвен слој“ кој е богат со шеќери и карамелизиран танин. Овие хемикалии, кога ќе бидат апсорбирани од виски, го менуваат неговиот вкус и му даваат боја.

Американците некогаш пиеле повеќе алкохол отколку вода

Во текот на 1600-тите и 1700-тата години, многу Американци го сметале алкохолот не само како пријатно задоволство, туку како чудесен лек кој може да излечи болести, да ги зајакне слабите и стари луѓе. Просечниот Американец над 15 години, на годишно ниво консумирал околу, 129 литри пиво, 19 литри виски и 4 литри вино.

Бело вино може да се направи од црвено грозје

Можете да направите бело вино од црвено грозје. Шампањ, на пример, е направен од пино ноар и пино мениерно грозје (двете црвени гроздови), како и шардоне, трите типа на грозје најчесто се мешаат. Сокот од грозје, кој доаѓа од внатрешноста на грозјето, е бел. Обвивката е онаа која го содржи црвениот пигмент.

Сподели на Facebook
пати видено