Парадоксите, феномените и ефектите што ни го мамат умот, не интригираат дури и ако има логично објаснување за нив. Кога ќе се соочиме со нив, се чувствуваме дека некој се вмешал во законите на природата.

10. Роденденски проблем

Овој парадокс сугерира дека во група од 23 лица има 50% шанса дека најмалку 2 од нив го делат истиот роденден. Во група од 60 луѓе, веројатноста достигнува скоро 99%.

9. Бадер Меинхоф феноменот (илузија на фреквенција)

Еве едноставно објаснување за овој феномен на разумот: феноменот Бадер-Меинхоф се јавува кога ќе дознаете за феноменот Бадер-Меинхоф, а сега постојано го забележувате феноменот Бадер-Меинхоф насекаде.

8. Мермерни џамлии

Многу луѓе мислат дека слушнале чуден звук во текот на ноќта. Како соседите да се играат со мермерни џамлии. Можат да се најдат голем број дискусии за ова на интернет но се уште нема заеднички став за оваа искуство.

7. Илузијата за чуден лик во огледалото

Италијанскиот психолог Џовани Б. Капуто ја проучувал илузијата што е создадена од долгото гледање на сопствената рефлексија. Некои луѓе ги гледаат своите родители или фантастични суштества; други гледаат поинаква верзија на сопственото лице. Нема мистерија, само едноставно објаснување за оваа ситуација. Илузијата се јавува кога визуелниот систем одново и одново го перцепира истиот објект, но поинаку го идентификува.

6. Jamais vu

Jamais vu може да биде буквално преведен од француски како „никогаш не видено“ и тоа е спротивно на дежа ву. На пример, знаете одреден збор совршено добро, но одеднаш почувствувате дека го гледате за прв пат. Најлесен начин да се создаде jamais vu е повеќе пати да го напишете зборот. Ќе се чувствувате дека ви звучи чудно и нема никаква смисла. Jamais vu и déjà vu се уште се мистерија за научниците.

5. Мандела Ефект

Овој ефект бил именуван по вообичаеното појаснување дека Нелсон Мандела починал во затвор пред 40 години. Всушност, тој починал дома во 2013 година. Милиони луѓе се чини дека ги имаат истите сеќавања за овој факт и има многу примери за заеднички факти на кои сите се сеќаваме погрешно. Се разбира, постојат научни објаснувања, но многу луѓе претпочитаат да веруваат во паралелната универзумска теорија или во промени во историските факти.

4. Ефект на хомогеност надвор од групата

Се чини дека сите членови на една група се многу слични еден на друг, особено кога не сте дел од оваа група. На пример, сите каубојци се исти, или сите луѓе кои припаѓаат на одредена субкултура, или сите луѓе од различна раса. Не станува збор за расизам, туку повеќе за основниот инстинкт што нè тера да мислиме: „Тие се слични, ние сме разновидни“.

3. Ефект на синестезија

Оваа состојба се јавува кога перцепцијата на визуелните слики е придружена со звучни ефекти (или обратно). Може да слушате бои или да гледате ароми. Не е познато како почнало ширењето на овој ефект: некои податоци сугерираат дека 1 лице од секои 2.000 може да го доживее. Други изјавуваат 1 од 23. Главната тешкотија во истражувањето е дека некои луѓе не ја сметаат нивната синестезија како нешто невообичаено или различно од чувствата на другите луѓе.

2. Хипотезата на Uncanny Valley

Атрактивноста на робот се зголемува со човековата сличност на робот. Меѓутоа, кога изгледа речиси како човек, се изразуваат чувствата на непријателство и одвратност.Човечкиот мозок не успева да го идентификува предметот. Изгледот на роботот треба да биде или многу прецизен да изгледа токму како човек или генерално да изгледа повеќе како машина.

1. Шест степени одвоеност

Шест степени одвоеност е теорија според која сите и сè е на шест или помалку чекори од кого било во светот, така што користејќи ја врската на „пријател на пријателот“ може да се поврзат кои било двајца луѓе во најмногу шест чекори. Оваа теорија првобитно е поставена од Каринти Фридеш во 1929 година, а станала популарна поради истоимената драма од 1990 година, напишана од Џон Гвер.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено