Еден од најлошите моменти е кога ќе сфатите дека сте изгубиле нешто што е многу вредно за Вас. Вие ги проверувате џебовите и фиоките, надевајќи се и молејќи се дека она што е изгубено, некако магично ќе се појави повторно, додека длабоко во себе знаете дека тој предмет нема никогаш да го пронајдете. Но, што ако не е така? Што ако се појави денови, месеци, па дури и години подоцна во најнеочекуваните околности?

Риболовец пронашол чанта на жена која ја изгубила во реката пред 25 години.

Жена добила нешто плус со нејзиниот морков. Дијамантски прстен кој го изгубила пред 13 години.

„Пред 6 години на мојата бивша девојка и падна багажот во реката до нашата викендица. Овој викенд го пронајде мајка ми како плови по реката. Плус има виски!“

„Кога бев во Фиџи пред 14 години многу се зближив со еден локален човек, таксист. Кога се вратив во Европа изгубивме контакт. Сега кога се вратив таму случајно го пронајдов истиот човек.“

„Една од моите книги исчезна пред неколку години и скоро порачав половна копија од интернет и всушност тоа беше мојата книга.“

„Татко ми, рибар во езерото Атерсе, Австрија, го пронајде неговиот паричник во една од неговите рибарски мрежи откако го изгубил пред 20 години.“

„Дедо ми ги закачил на дрвото кога бил мал. Заборавил дека ги оставил таму и сега многу години подоцна тој ги пронајде.“

„Мојот пријател го изгуби неговиот Ајфон на почетокот на февруари. Тој го пронајде во март замрзнат во нашиот двор и уште функционира.“

„Добар човек ми го врати паричникот кој го изгубив во океанот пред 24 години.“

„Во 1986 година мојот пријател купил билет за да го слушне Принц во живо во Копенхаген. Тој го изгубил и не бил на концертот. По 31 година го пронашол билетот во една книга.“

Сподели на Facebook
пати видено