Кога помислуваме на луѓе кои постигнале неверојатен успех на млади години, прво ни доаѓаат на ум имињата на раководители на технолошки гиганти како Марк Закерберг, Стив Џобс и Бил Гејст. Но, тоа не е современ феномен. Од Александар Македонски до Волфганг Амадеус Моцарт, еве десет личности кои постигнале неверојатни нешта како млади.

1. Александар Македонски освојува држави на 18 години

ml01

Александар III Македонски постигнал неверојатни нешта за време на својот краток престој на земјата. По убиството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар се качува на тронот. Две години подоцна, на возраст од осумнаесет години, тој започнува да ја шири својата власт. За време на неговото владеење тој освојува земји од Грција до Индија. Резултатот на тоа било создавањето на една од најголемите древни империи во светската историја. Александар никогаш не губел битка. На крајот умирал од маларија, на 32-годишна возраст.

2. Октавијан Август станува римски сенатор на 20 години

ml02

Денес Август се смета за првиот римски император. Но, неговата кариера запчнува многу пред да се качи на тронот во 27 г. пр.н.е. Во 44 г.пр.н.е. Август сѐ уште е познат како Окгавијан. Тој е внук на Јулиј Цезар, кој го посинил и го назначил за негов наследник. За време на Мартовските иди, кога Римјаните му оддаваат почит на богот Марс, Цезар е убиен, во време кога адолесцентот Октавијан сѐ уште не ја завршил ниту својата воена обука. Но, наместо да избега по убиството, наследникот на Цезар се враќа во Рим и се нурнува во политичките интриги на империјата. Во текот на следните години тој преживува разни променливи сојузи, убиства и војни. На крајот Октавијан конечно победува во 31 г. пр.н.е. кога неговите сили го победуваат Марк Антониј во битката кај Акциј.

3. Јованка Орлеанка променува тек на војна на нејзини 17 години

ml03

Крвавата Стогодишна војна ја опустошува средновековна Франција. Но, во 1429 г. една млада селанка помага за пресврт во земјата. Поткрепена од мал број поддржувачи, Јованка Орлеанка успева да ги убеди лидерите во земјата да ѝ дадат раководна улога во армијата. Таа е на свои 17 години кога си ја стриже косата, облекува машки облеки и заминува во бој. Девет дена по пристигнувањето во опсадениот град Орлеан, Јованка ги победува англиските сили и станува национална хероина. На крајот Англичаните ја заробиле, ја осудиле и изгореле на клада. Кога била погубена имала само 19 години. Неколку десетлетија по смртта е прогласена за маченица, а во 1920 г. Јованка Орлеанка е прогласена за светица.

4. Блез Паскал создава калкулатор на 19 години

ml04

Францускиот математичар од XVII в. Блез Паскал го претркал своето време на многу фронтови. На 12 години започнува да учи геометрија. Седум години подоцна се нафатил да изработи рачен калкулатор. Имајте предвид дека ова се случува во 1642 година – пред ерата на масовното производство. Паскал е многу напреден за своето време, па така неговиот сметач не му носи пари. И покрај тоа, подоцна ќе има можност да се радува на својот успех како влијателен математичар, физичар и философ.

5. Волфганг Амадеус Моцарт ја пишува својата прва симфонија на 8 години

ml05

Моцарт е детето-ѕвезда на XVIII в. Тој се здобива со огромна слава и успех уште на рана возраст, но неговиот живот ќе изгори рано. Влијателниот композитор израснал слушајќи го татко си како ѝ предава пијано на поголемата сестра Нанерл. За талентот на својот брат таа раскажува; „На пет години тој веќе компонираше помали пиеси, кои ги свиреше на нашиот татко, а тој ги запишуваше“.

Моцарт ја пишува својата прва симфонија на кревка 8-годишна возраст, со помош на неговиот татко. Како деца Нанерл и Волфганг започнуваат да ја обиколуваат Европа, свират во редица кралски дворови како деца-чудо. На крајот Моцар запишува над 600 творби, но не постигнува финансиска стабилност. Тој умира на 35-годишна возраст, но засеогаш го менува светот на музиката.

6. Филипс Витли ја објавува својата прва стихозбирка на 20 години

ml06

На свои дваесет години, Филис Витли станува првата афроамериканка со издадена книга. Таа е продадена во ропство како дете и купена во Бостон од шивачот Џон Витли. Неговото семејство ја учи малата робинка да чита и ја охрабрува да пишува стихотворби. Кога нејзините „Поеми за разни прашања, религиозни и морални“ дебитира во 1773 г. таа предизвикува дискусии од северноамериканските колонии до Лондон. Витли станува многу популарна среде учените колонисти. Следната година, кога Џон Витли умира, таа бива ослободена. Продолжува да пишува и објавува поезија до крајот на својот живот. За жал, Филис има тежок живот и умира без пари на 31-годишна возраст.

7. Вилијам Пит Помладиот станува премиер на Англија на 24 години

ml07

До денес Вилијам Пит Помладиот е најмладиот човек кој бил премиер на Англија. Тој доаѓа на влст во 1794 година со неполни 24 години, во време на силни противречности. Кралот Џорџ II се заканил дека попрво ќе абдицира отколку Џорџ Фокс да се вратина премиерската функција. Гит ги губи изборите во парламентот, но откажува да даде оставка и на следната година ги добива парламентарните избори. Мандатот на Пит е одбележан со глобални потреси како Француската револуција и многуте војни со Наполеон Бонапарта. Популарноста на младиот премиер е ниска сред неговите современици, но тој сепак останал познат како вешт оратор и администратор.

8. Мери Шели го објавува „Франкенштајн“ на 20 години

ml08

Родена во 1797 г. Мери Шели е ќерка на философите Мери Волстнкрафт и Вилијам Годвин. Како тинејџерка таа се зближува со студентот на нејзиниот татко, романтичниот поет Перси Шели. Но, ги погодува трагедија кога нивната прва ќерка умира во 1815 г. само неколку часса по нејзиното раѓање. Следното лето во Швајцарија, 18-годишната мери минува извесно време со група пријатели, меѓу кои и поетот Лорд Бајрон. Младите си раскажуваат приказни за духови и Бајрон предложува секој од нив да напише една таква приказна. Обичниот пријателски предизвик ја вдахновува Шели да го напише светскиот класик „Франкенштајн“. Книгата е објавена две години подоцна, кога таа има 20 години.

9. Боб Вудворд и Карл Бернстајн го разоткриваат скандалот Вотергејт на возраст од 29 и 28 години

ml09

Во 1972 г. случајот со упадот во централата на Демократската партија се претвора во огромен скандал, кој го соборува од власт американскиот претседател Ричард Никсон. Во средиштето на собитијата се двајцата млади репортери на „Вашингтон Пост“. Боб Вудворд е на 29, а Карл Бернстајн на 28 години кога започнуваат да пишуваат за скандалот. Нивниот случај е раскажан во книга и холивудски филм, во кој играат Роберт Редфорд и Дастин Хофман. За својот подвиг освојуваат и Пулицерова награда.

10. Надја Команечи освојува Олимписки златен медал на 14 години

ml10

14-годишната романска гимнастичарка е првата гимнастичарка која на Олимпијатадата во Монтреал во 1976 година ја освоила највисоката можна оценка 10. На истата таа олимпијада таа освојува уште три златни медали и уште шест максимални оценки. Но, не завршува на тоа. Четири години подоцна Команечи освојува уште два златни медали на Олимписките игри во Москва.

Сподели на Facebook
пати видено