Благодарение на воздушните фотографии направени од сателити, авиони и од други беспилотни летала, со апликацијата Google Earth даваат комплетен приказ на нашата планета. Но, некои локации се толку чудни што сѐ уште се мистерија, иако се гледа дека постојат.

Необични симболи во пустината Гоби во Кина

Низа структури и модели кои експертите не можат да ги објаснат. Постојат верувања дека се работи за воена база за тестирање оружје и сателитски шпиони. Овие мистериозни ознаки се составени од сложена мрежа на линии кои се поврзуваат меѓусебно, во должина од 30 километри.

База на вонземјани во Мексико

Ако патувате кон пустината Меса Хуерфанита во Ново Мексико ќе сретнете два огромни мистериозни симболи во облик на кругови. Според авторот Џон Свини, тоа се знаци на скриен бункер кој припаѓа на Црквата на Скиентологијата.

Езеро од крв во Ирак

Во близина на градот Садр во Ирак се наоѓа црвено езеро. Се смета дека езерото низ годините ја менувало својата боја, од зелено, сино, сега црвено. Нема објаснувања за тоа како ја добило црвената боја на крв.

Индијанска глава во Канада

Оваа релјефна фигура во близина на Алберта, Канада останува мистерија. Била случајно откриена од Лин Хикокс при разгледување слики на апликацијата Google Earth. Гледано од висина се отсликува човечка глава од племенски старешина.

Пентагон во Казахстан

Во централна Азија, во еден изолиран дел од Казахстан може да се најде исцртана фигурна на пентаграм. Во дијаметар од 366 метри, оваа фигура се поврзува со верски секти и жители на подземјето. Уште едно верување е дека тоа е само парк во облик на ѕвезда, опкружен со дрва во кружна патека.

Изгубениот остров на Пацификот

Во 2012 година, група австралиски научници пронашле досега неотркриен остров во Јужниот Пацифик. Го нарекле Сенди Исланд, иако се смета дека е само грешка од човечки фактор, штом не бил обележан на ниту една мапа досега. Не би било интересно, доколку не постојат верувања дека тоа е влез на подводна база и дека се отвора одвреме – навреме, но тоа не е видливо од сателит.

Изгубени пирамиди

Древните цивилизации оставиле видливи траги на Земјата. На секој континент можете да сретнете по некоја трага, од артефакти и грандиозни градби. Овие пирамиди останале неистражени досега. Се наоѓаат во пустински предел во Америка.

Антички Стоунхенџ во Јордан

Сателитски слики помогнаа да бидат откриени овие тркала во облик на сложена структура кои датираат од пред 8500 години, постари од познатите геоглифи Перу Назка. Овие линии се лоцирани на начин на кој се усогласуваат со изгрејсонце на зимска краткодневница. Оттаму се верува дека биле користени како мерки за предвидување на времето.

Античка Свастика

Со помош на сателитски снимки, пронајдени се повеќе од 50 масивни геоглифи кои се протегаат во северниот дел на Казахстан. Интересно е што се направени од дрва и земјени насипи. Се верува дека се стари повеќе од 2000 години.

НЛО во Австралија

Во централна Австралија се простира триаголник со светли точки, наречен НЛО триаголник кој во 2007 година бил виден како лебди над површината на земјата. Со три елементи на проводници и кула во средината, се верува дека преку антена врши пренос на контролни сигнали. Останува мистерија, каде се испраќаат тие сигнали?!

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено