Секој филм врз гледачот влијае на свој начин. Некои филмови побудуваат чудење и возбуда, други страв или тага, но заедничкото кај сите филмови е што сите носат некоја своја порака.

Некои филмови можат да покренат некои толку длабоки прашања, што можат да го променат начинот на кој го восприемате животот. Следнава листа содржи 10 уникатни филмови го прават токму тоа.

10. Дони Дарко (Donnie Darko)

fm02

Во култната класика на Ричард Кели „Дони Дарко“, актерот Џејк Џиленхол игра проблематичен тинејџер кој ги предизвикуива авторитетите и често е посетуван од Френк, чудовишен зајак кој го поттикнува Дони да изведува опасни и деструктивни шеги.

Филмско дело кое ја отсликува осаменоста, отуѓеноста и универзалната потреба за дружба и значење кое е завиткано под маската на носталгичен научно-фантастичен филм од осумдесеттите, Дони Дарко е филм кој не би требало да го пропуштите.

Тоа што овој филм го прави особено фасцинантен е неговиот поглед кон повеќекратните реалности и универзуми. Филмот ги истражува концептите на паралелни универзуми, црни дупки и алтернативни временски линии, терајќи во по гледањето веднаш да посакате да го изгледате уште еднаш. Ричард Кели изјавил дека вилмот има различни толкувања, и тоа е причината зошто филмот сѐ уште се анализира и се дебатира за него до ден денес.

9. Матрикс (The Matrix)

fm03

Вешто изработен спој на стимулирачки акционен филм и философија од која ќе ви се сврти умот, Матрикс е филм кој ја става под прашање нашата перцепција на реалноста. Воведот на филмот го прикажува Нео (Киану Ривс), канцелариски работник дење, компјутерски хакер ноќе, кој дознава за големата илузија – реалноста којашто ја знаеме е лажна, симулирана и конструирана реалност којашто служи како затвор за човештвото без тоа воопшто да биде свесно за тоа.

Филмот претставува алегорија за концептот на духовното будење. Нео се буди со фактот дека целиот свој живот бил роб на системот, на матрицата. Му го покажуваат безграничниот потенцијал како суштество-создател, по што тој застанува против темните сили кои се надвиснале над човештвото. Неверојатен во секој смисол, Матрикс има многу што да понуди и поседува потенцијал да го промени начинот на кој гледате врз светот во кој живееме.

8. Будење на животот (Waking Life)

fm04

Апсурден, трансцендирачки и запрепастувачки оригинален, „Будење на животот“ поставува многу прашања кои можат да го променат животот, како на пример „Што се соништата и што е реалноста?“ Во овој анимиран филм, линијата помеѓу состојбата на сон и реалноста е нејасна како што главниот лик скита низ различни сценарија и неговиот живот се испреплетува со најразличен вид на други ликови.

Секој од тие ликови ги доведува во прашање науката и познатите философки начела, и како што главниот лик продолжува да го доживува неговиот продолжен сон, тој почнува да се грижи дека повеќе никогаш нема да се разбуди.

Луѓето и неживите детали понекогаш се доста реалистични, па дури и препознатливи (како на пример Итан Хок), но компјутерското „сликање“ на субјектите им дава форми, движења и димензии кои се доста претерани, еластични и стилизирани како во цртан филм. Филмот изгледа како искуство под дејство на ЛСД, и е култна класика која може да најде место во секоја топ 10 листа.

7. Облачен атлас (Cloud Atlas)

fm05

Филмот „Облачен атлас“ следи шест испреплетени стории кои се простираат врз временски распон од стотици години. Официјалниот синопсис го опишува како „истражување за тоа како дејствата на определени поединци си влијаат едни на други во минатото, сегашноста и идинината, како што една душа се обликува од убиец во херој, и еден чин на љубезност прескокнува неколку векови за да предизвика револуција.“

Основната тема на фимот се врти околу теоријата на реинкарнацијата, според која вечниот дел од нас, нашата душа, преживува повеќе животи овде на земјата како еден вид процес на прочистување. Филмот исто така го истражува и концептот на карма и кармичкиот круг, сугерирајќи дека нашите дејства во овој живот можат да се одразат врз следниот наш живот.

Иако има најразлични критики за овој филм, сепак мора да се признае дека на невообичаен начин допира теми и неконвенционални теории како реинкарнацијата, како и тоа дека има навистина амбициозен расказ.

6. Пролет, лето, есен, зима и пролет (Spring, Summer, Fall, Winter, and Spring)

fm06

Се работи за корејски филм кој го следи патувањето на еден будистички монах до манастир кој плови на вода во прекрасна шума. Приказната го следи монахот како што тој минува низ различните периоди од својот живот, од детство до старост.

Секоје годишно доба служи како прекрасна метафора и поука која се извлекува од доживувањата на главниот лик. Филмот е многу тивок, но сцените кои го одземаат здивот зборуваат самите за себе. Иако приказната ја носат само неколку ликови и сѐ се случува во рамките на една мала област, се опфаќа изненадувачки голем дел од човечкото искуство и чувства, како страстите, љубовта, љубомората, убиството, самоубиството и искупувањето. Кажува многу важни нешта за тешкотиите на учењето и неуловливоста на мудроста. Филмот е за учењето од своите грешки и за тоа како да се стане подобра личност стремејќи се кон мудроста.

5. Самсара (Samsara)

 

fm07

Во извесен број на источни религии, изразот „самсара“ буквално знали „продолжителен тек“, однесувајќи се на вечниот круг на животот и смртта, распаѓањето и обновувањето.

Филмот Самсара ја претвора оваа идеја во растегнат концепт на продолжителен тек на слики на природниот свет и човечкиот бран кој доминира со него. Филмот ја обвива публиката со најразновидни слики кои бргу се менуваат од една тема во друга.

Гледајќи го постојаното менување на овие слики, ни се дава шанса да го набљудуваме нашиот свет во целото негово присуство, за што ретко имаме можност во ова наше секојдневие кое го живееме со брз чекор. Тоа е пат низ животот и смртта, филм кој може да ви даде нова гледишна точка врз човечкото искуство во овој свет.

4. Одвојување (Detachment)

fm08

„Одвојување“ претставува едномесечна хроника на животите на неколку професори во средно училиште, администратори и ученици преку очите на професорот во замена со име Хенри Бартс (Ејдриен Броди). Бартсовиот метод на всадување на витално знаење на неговите привремени ученици е прекинат со пристигнувањето на три жени во нетовиот живот – збрканата и наивна проститутка Ерика, неговата колешка и проблематичната тинејџерка Мередит.

Овие жени имаат силен ефект врз неговиот живот, присилувајќи го да ги преоткрива аспектите на својата личност, при што мора да се соочи со самоубиството на неговата мајка и очекуваната смрт на неговата баба.

Хенри влијае врз животите на неговите ученици, правејќи да бидат повнимателни и фокусирани, но самиот тој има големи проблеми со тоа. Филмот е студија за карактерот на еден човек и социјална забелешка за падот на образованието и општествените системи.

3. Неа (Her)

fm09

Филмот „Неа“ прикажува за Теодор (Хоакин Феникс), осамен и повлечен средновеен човек кој дознава за новиот ОС1, првиот интелегентен оперативен систем. Кога Теодор ќе се запознае со Саманта (Скарлет Јохансон), шармантниот женски глас на овој оперативен систем, тој наскоро ќе биде привлечен од неа на романтичен начин. Како што станува сѐ поблизок со Саманта, Теодор мора да дешифрира од каде доаѓа неговата желба да биде со неа.

Има многу теми во „Неа“ кои ги допираат прашањата за нашата култура опседната со технолошките достигнувања. Толку многу сме приврзани на нашите телефони, лаптопи и таблети, што почнуваме да го губиме допирот со основниот аспект на животот, општењето со другите луѓе. Филмот открива како технологијата ги носи изолацијата и осаменоста на застрашувачки нивоа, нешто за што би требало сериозно да размислиме.

2. Боречки клуб (Fight Club)

fm10

„Боречки клуб“ гледачот го учи на многу нешта. Големата лекција која може да се научи од овој филм е за празнотијата која ја носи нашиот потрошувачки стил и материјализмот. Исто така, овој филм ја става под знак прашалник и приврзаноста кон нашиот идентитет -дали ние навистина сме тоа што мислиме дека сме? Филмот го шокира гледачот кога открива дека „револуцијата“ која полека нараснува кон својот врв е само обична сатира која на главниот лик му дава голема лекција за состојбата во која се наоѓа човештвото.

1. Животот е убав (Life Is Beautiful)

fm11

Ова е прекрасен филм кој не учи за големината и благородноста на човечкото срце на еден несебичен човек кој дава сѐ од себе ужасите на Втората светска и Холокаустот на својот син да му ги прикаже дека се – само игра, со цел да ја заштити младата детска душа од страшните слики на суровоста на луѓето околу него. Филм во кој се испреплетуваат комедијата и трагедијата, филм за кој треба да сте камен, а не човек, па да ве остави рамнодушни. Главната улога е во исполнение на бесмртниот Роберто Бенињи.

Сподели на Facebook
пати видено