Може да се заклучи дека затемнувањето на сонцето ги плаши луѓето (и животните). Уште од древните времиња кружат различни митови и легенди за затемнувањата, но има и докази дека во историјата, но и во модерното време луѓето прават бизарни работи за време на затемнувањето.

10. Масовна конфузија на животните

За време на големите затемнувања на сонцето птиците и инсектите честопати ќе заглават во морничава тишина. Оние што генерално спијат ноќе, всушност, ќе почнат да се подготвуваат за дремење, додека ноќните животни почнуваат да се будат и да се движат наоколу.

9. Сенки

Сенки во неколку реда се движат бргу за време на затемнувањето. Кога месечината ќе почне да се доближува кон сонцето брзи линии од сенки се движат на земјата и изгледа како да Ве следат. Овој феномен ги плаши луѓето.

8. Без кекс

Во средниот век луѓето верувале дека доколку имате кекс за време на затемнување вашите деца ќе бидат грди демони. Исто така се верува дека бремените жени не треба да го допираат стомакот за да не се роди бебето со бемка.

7. Вродени дефекти

Некои Латиноамериканци веруваат дека црвените гаќички и безопасна ќе ги спречат вродените дефекти. Исто така бремените жени не излегуваат за време на затемнување.

6. Колумбо ги измамил индијанците

Колумбо го измамил локалното население за да добие храна така што го предвидел затемнувањето. Индијанците не сакале да му даваат повеќе храна на Колумбо и неговите луѓе, затоа тој со неговите инструменти пресметал кога ќе се случи затемнувањето на месечината и им кажал дека ќе ја затемни доколку не му дадат храна. Индијанците првин одбиле по затемнувањето од страв му подариле на Колумбо се што му било потребно.

5. Болеста на Ескимите

Ескимите сметаат дека за време на затемнувањето Сонцето носи болести и за да се спречи тоа потребно е сите вилушки, лажици, чинии, тави и с.л да се свртат наопаку за да не може „болеста“ да влезе во нив.

4. Тавите во Тајланд

Луѓето во Тајланд за време на затемнување удираат во тави за да ги избркаат лошите духови. Исто така организираат и огномет.

3. „Златен“ туш во Индија

Луѓето во Индија веруваат дека по затемнувањето треба да ги измиете очите со урина за да не Ве болат никогаш повеќе.

2. Лов на затемнувањето

Во 1972 година 830 луѓе изнајмиле брод за да тргнат во лов по затемнувањето, од Њујорк до водите надвор од Нова Шкотска. Два дена подоцна, во 03:47 часот, патниците забележале целосно затемнување во совршено време.

1. Љубители на сенки

Љубители на сенки или umbraphiles се луѓе кои сакаат да присуствуваат на секое затемнување. Еднаш на секои 16 месеци или слично, овие луѓе одат на чудни, далечни и запуштени места само за да го видат затемнувањето.

Сподели на Facebook
пати видено