Швајцарските експерти предупредуваат за порастот на сексуални напади врз коњи во земјата и велат дека 10.000 луѓе во Швајцарија се склони кон настраниот интерес кон овие животни.

Работниците за заштита на правата на животните во Швајцарија стравуваат дека има 10.000 луѓе кои скитаат низ земјата со неприроден сексуален интерес кон коњите.

Според новите статистички податоци, минатата година имало 1709 случаи на суровост кон животните, при што секој трет ден најмалку еден коњ претрпувал сексуално злоставување. На прес-конференција во Цирих, организацијата за заштита на правата на животните „Tier im Recht“ потцрта за размерот на злоставување, сметајќи дека бројките се поголеми.

k02

Портпаролот Андреас Рутиман вели дека во Швајцарија 150.000 луѓе одгледуваат и работат со коњи, при што се проценува дека има 110.000 коњи на 18.000 фарми, и „во споредба со случаите со други животински видови, случаите со злоставување на коњите се алармантно висок процент.“ Тој вели дека приближно еден на секои десет коњи е жртва на неприроден сексуален контакт.

ko01

Г-н Рутиман вели дека најчести жртви на швајцарските зоофили се кучињата, но дека коњите стануваат сѐ повеќе популарни. Тој признава дека нивото на напади врз коњи е поврзано со ризикот во таа активност. „Мораш да се прикрадеш во штала – шансите да бидеш фатен се поголеми отколку да го правиш тоа со милениче.“

Сподели на Facebook
пати видено